Борбени авиони и семејствата ги пречекаа европските шампиони (ФОТО)

Чекањето на Шведска заврши и по 20 години, „трите круни“ повторно се искачија на европскиот врв.

Шведските репрезентативци се вратија вечерва во татковината, во Гетеборг, и беа пречекани од навивачи и семејствата.

При слетувањето на аеродромот, авионот со кој патуваа шампионите беше придружуван од борбени авиони на тамошните воени сили.

Дел од репрезентативците кои имаат клупски обврски веднаш се вратија во своите клубови низ Европа, па не отпатуваа назад во татковината.

Во финалето на ЕП, Шведска славеше со гол од пенал во последната секунда против Шпанија со 27-26.