Борбата за Суперлига почнува следниот викенд – еве ги двојките за прво коло од плеј-офот

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за редните броеви на екипите што ќе играат во плеј-офот и плеј-аутот во Првата лига.

Борбата за двете места во суперлигашкото друштво ќе биде интересна, а најблиску до тоа остварување е лидерот Мулти Есенс, кој има 24 бода.

На табелата следуваат Драчево, Аеродром, Младост Богданци…а во првото коло дербито ќе се игра во Кисела Вода меѓу Драчево и Македонија Ѓорче Петров.

Мулти Есенс би требало да има лесна задача кај Астраион, а Младост Богданци го очекува незгодно гостување кај Голден Арт 2. Градски двобој ќе одиграат Металург РА и Шампион.

Прва лига, плеј-оф, 1 коло:

Аеродром – Кичево
Астраион – Мулти Есенс
Голден Арт 2 – Младост Богданци
Драчево – Македонија Ѓорче Петров
Металург РА – Шампион

Прва лига, плеј-оф, табела:

  1. Мулти Есенс 24
  2. Драчево 19
  3. Аеродром 16
  4. Младост Богданци 15
  5. Голден Арт 2 12
  6. Македонија Ѓорче Петров 10
  7. Металург РА 9
  8. Кичево 6
  9. Шампион 4
  10. Астраион 3

Прва лига, плеј-аут, 1 коло:

Овче Поле – Борец
Бисинов – Партизан Гевгелија
Текстилец – Преспа
Јехона слоб.