Божиќ Павлетиќ: Ги развеселивме сите битолчани – знаеме колку им значи оваа победа!

Еурофарм Пелистер забележа голема победа во салата Јане Сандански на гостувањето кај Вардар од 23:24 и направи брејк во борбата за шампионската титула.

После натпреварот крилото на Еурофарм Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ имаше свое видување на меч и истакна што го одлучи победникот.

„Мислам дека нашата одбрана денеска беше пресудна и во текот на целата сезона навистина играме добра одбрана. Сите големи победи што ги остваривме вклучувајќи ја и денешната се резултат и со помош на нашата одбрана. Навистина сме пресреќни и мислам дека ги развеселивме нашите навивачи и сите во Битола. Последните неколку денови постојано слушаме колку тоа им значи на нашите навивачи . Дефинитивно и Марко многу ни помогна заедно со одбараната и еве се радуваме“, рече Божиќ Павлетиќ.

И покрај оваа победа останува реванш дуелот шанса за Вардар во борбата за шампионската титула. Возвратниот дуел кој би требало да го одлучи новиот шампион на Македонија ќе се игра на 30. април во Битола.