Божиновски и Начевски ќе судат во Романија

Македонските судии со знакот на ЕХФ, Даниело Божиновски и Виктор Начевски се најдоа на листата на арбитри кои ќе делат правда во Европскиот куп во текот на овој викенд.

Тие се делегирани за првиот четврт-финален натпревар меѓу Баја Маре од Романија и Анортозис од Кипар.

Средбата се игра на 20 март со почеток во 15 часот, а делегат на оваа средба е Романецот, Ремус Којокару.

Двајцата наши арбитри во текот на оваа сезона беа активни и во женскиот Европски куп, како и во квалификациите за Европското првенство.