Божиновски и Начевски со ново делегирање, ќе судат во машкиот Европски Куп

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за претстојните натпревари во европските купови.

Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе судат во осминафиналето од машкиот Европски Куп.

Станува збор за првиот натпревар од осминафиналето меѓу романската Потаиса Турда и шведскиот Алингсас.

Овој натпревар ќе се игра во Турда на 12 февруари од 13:15 часот, а делегат ќе биде Левин од Израел.

Покрај Начевски и Божиновски, активни на европските терени ќе биде Михајло и Методија Илиевски.

Тие ќе го судат четвртфиналниот меч меѓу српскиот тим Бекамент Буковичка Бања и словачката Дунајска Стреда што ќе се игра на 12 февруари.