Божиновски и Начевски добија нова европска задача

Македонската судиска двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски доби прва европска задача во новата сезона.

Божиновски и Начевски се делегирани на двомечот од Европскиот Куп за мажи од првото коло меѓу косовскиот Кастриоти и босанската Грачаница.

Двомечот ќе се игра во Босна и Херцеговина на 10 и 11 септември од 18:00 во Грачаница, каде што ќе се реши патникот во второто коло.

Божиновски и Начевски ова лето беа дел од кадетскиот Мундијал во Скопје и добија ИХФ значка.