Божиновска игра во одлична форма на Кипар

Македонската интернационалка Ана Марија Божиновска ја предводеше екипата на Есентепе до пласман во следната фаза од Дервиш Мишон Купот, кој се игра само во Северен Кипар.

Божиновска и колешките убедливо славеа против екипата на Озанкој, со резултат 58:21.

Победникот беше одлучен уште во првото полувреме, во кое Есентепе постигна 17, а прими само осум гола.

Екс ракометарката на Чаир, Вардар и Металург беше најефикасна на натпреварот и во мрежата на домаќинот постигна 11 погодоци.

Македонката, која во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, имаше и неколку асистенции кон своите колешки.