Бобровникова: После натпревар не можеме во соблекувална, тоа не е добро

Ракометарката на Ростов Дон и репрезентативка на Русија, Владлена Бобровникова е добро позната по честите интересни видеа кои ги објавува на Тик-Ток, но знае некој пат да се појави и со интеесна изјава.

Сега го даде своето видување околу настапите на Европското првенство во Данска каде што ракометарките нема да можат да излагаат од хотел и после натпреварите ќе мораат веднаш во хотел и нема да смеат во соблекувална.

„Излегувањето од хотелот ќе биде строго забрането, а по завршувањето на натпреварите нема да можеме да се вратиме ниту во соблекувалната. Од салата ќе мораме директно до автобусот и потоа ќе одиме кон хотелот. Вакви строги правила нема ниту во Лигата на шампионите каде што после натпреварите може барем да се истушираме пред напуштањето на салата“, вели Бобровникова за “Брз Центар”.

Русија е една од репрезентациите кои важат како фаворити за висок пласман на секое првенство на кое учествуваат, па така ќе биде и на ова првенство.