Бобан Каковски е нов ракометар на Металург

Раководството од Автокоманда полека го комплетира тимот за новата сезона, а нов ракометар во Металург ќе биде поранешниот кадетски и младински репрезентативец, Бобан Каковски.

Младиот ракометар со Металург се договори на четиригодишна соработка, па така неговата нова екипа ќе може долгорочно да смета на неговите услуги.

Каковски игра на позицијата среден бек и минатата сезона го носеше дресот на Голден Арт КЛ7. Претходно настапуваше и за екипата на Еурофарм Работник.

Металург ги продолжи договорите со Златко Хорват, Милан Лазаревски, Даниел Дупјачанец и тренерот Иван Марковски. Изминатиот период во екипата беа претставени и новите засилувања – Костадин Петров, Кевин и Оливие Њокас.