Македониja e близу до „унгарска“ група, мали се шансите да игра во Словачка (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија шести пат по ред, а вкупно седми пат во историјата ќе игра на Европското првенство. Во 2022 година континенталниот собир ќе се одржи во Унгарија и Словачка од 13 до 31 јануари, а според неофицијалното рангирање, Македонија ќе биде сместена во третиот шешир.

ЕХФ го прави овој ранкинг пред ждрепката како комбинација на резултатите од квалификациите и од претходното Европско првенство во 2020 година. Според правилата, изгледот на шеширите би требало да биде ваков каков што е погоре, сепак кога се работи за ЕХФ, би требало да почекаме официјализиција. Од европската куќа на ракометот најавија дека денеска ќе ги објават шеширите и сите детали пред ждрепката.

Организаторите веќе ги распределија дел од репрезентациите што веќе имаат пласман во кој град ќе играат. Хрватска ќе игра во Сегед, домаќинот Унгарија во Будимпешта, додека вториот домаќин Словачка ќе игра во Кошице. Чешка ќе игра во Братислава, Германија исто така во словачката престолнина, а Словенија ќе игра во групата во Дебрецен.

Според оваа шема на ЕХФ, јасно е дека мали се шансите Македонија да игра во Словачка, односно Братислава и многу веројатно е дека ќе добиеме некоја од групите што ќе се играат во Унгарија. Тоа значи дека една од овие селекции – Хрватска, Унгарија или Словенија би бил наш ривал. Ако евентуално се паднеме во словачката престолнина, односно во групата Д, тогаш за ривал ќе ја имаме Германија. Македонија дефинитивно нема да игра во групата Е или Ф.

Ждрепката за групите на ЕП ќе се одржи на 6 мај од 17:00 часот во Будимпешта, најпрво ќе се влечат шесте селекции од четвртиот шешир, па четирите од третиот шешир, па петте од вториот и на крајот ќе се влечат преостанатите три од првиот шешир. Пласман во главната рунда на ЕП ќе обезбедат прво и второпласираните од сите шест групи. Најдобрите шест од групите А, Б и Ц ќе играат во Будимпешта, додека најдобрите шест од групите Д, Е и Ф ќе играат во Братислава. Финалниот викенд ќе се игра во унгарската метропола.