Блесок на Ристовски, Лемго оди во четвртфинале на германскиот Куп!

Тимот на Лемго, каде што брани македонскиот голман Борко Ристовски, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Германија.

Лемго во вториот дел го скрши отпорот на второлигашот Елбфлоренц и најмногу по заслуги на Ристовски славеше со 32-27.

Македонскиот чувар на мрежата влезе во игра во 24 минута и бранеше до крајот на мечот. За тоа време успеа да одбрани осум удари, но со фантастичен процент од 43%!

Покрај Лемго, во четвртфиналето пласман обезбедија Гумерсбах, Магдебург и Рајн Некар Левен, додека утре ќе бидат познати уште четири патника во фазата пред Ф4.