Блесок на Ландин, Кил го среди Алборг

Ракометарите на Кил во дерби дуелот против Алборг беа подобри со резултат 31:28. Со освоените бодови во пресметката со европскиот вицепрвак, екипата на Кил го презема лидерското место во својата група.

Во првото полувреме двете екипи се менуваа во водство. Ракометарите на Алборг на самиот старт поведоа со 2:0, има и предност од 3:1, но избраниците на Филип Јиха ги заборавија лошите пет минути и со голот на Екберг го презедоа водството за предност од 5:4. Во следниот период, Кил се одлепи на плус два, 7:5. И покрај водството на Кил, гостите од Данска резултатски се одржуваа во игра до 25. минута. Пред финишот на првото полувреме, Кил со серија од 3:0 стигна до 16:13, а на полувреме замина со предност од три гола, 17:14.

Во второто полувреме, Кил изгради солидна предност и имаше целосна контрола на теренот до 50. минута. Алборг полека ја топеше домашната предност, а во финишот со голот на Бјорнсен, стигна на само еден негатива, 28:27. Сепак, домаќините имаа голема поддршка од Ландин кој со своите интервенции во последните пет минути го откажа противникот и не дозволи негов камбек.

Во составот на Кил со по седум гола се истакнаа Никлас Екберг и Хендрик Пекелер. Меѓу стативите, Никлас Ландин имаше одлична партија со 14 одбранети удари. Во Алборг листата на стрелци ја предводеше Јул-Ласен со осум погодоци.