Блесок на Лазаревски, Тримо го сруши лидерот Целје!

Ракометарите на Тримо Требње каде што настапуваат интернационалците Милан Лазаревски и Тоше Ончев славеа во дербито на Словенија против водечкиот Целје со 30:29.

Лазаревски имаше одлично издание и беше стрелец на шест погодоци со што заедно со Филип Главаш беа најефикасни на мечот. Тоше Ончев не беше во составот на Тримо Требње на овој наптревар.

Натпреварот беше многу израмнет, екипите постојано го менува водството, а најголемата предност на една од екипите беше два гола. На полувреме Тримо водеше 15:14 и во продолжението успеа да го сочува водството за голема победа.

Со овој триумф Тримо Требње останува на втората позиција со 37 бода зад Целје но се доближи на шест бода заостанување со два натпревари помалку и трката за титулата ќе биде интересна. Во следното коло Тримо би требало да има лесен натпревар на гостувањето кај претпосладната екипа на Љубљана.