Блескава партија на Поповски – го однесе Цирих во четвртфинале!

Македонскиот интернационалец Мартин Поповски продолжува со одличните настапи во дресот на Амичитија Цирих.

Екс ракометарот на Вардар и Текстилец заедно со Амичитија Цирих во осминафиналето од Купот на Швајцарија славеа против Сент Гален со три гола разлика, 33:30.

Најзаслужен за победата на Амичитија Цирих беше токму десното крило од Македонија.

Поповски во мрежата на домаќините постигна девет гола од 12 обиди и одигра на висина на задачата и во одбраната.

Амичитија Цирих со победата против Сент Гален ги заврши обврските за овој дел од натпреварувачката сезона.