Блажевска одново интернационалка, ја продолжува кариерата во Швајцарија

Ракометарката од Битола, која во минатата сезона имаше двојна улога и беше тренер на женската екипа на Пелистер, Викторија Блажевска во продолжение од овој шампионат ќе има одново интернационална кариера.

Блажевска се договори со екипата на Ротвајс Тун каде што најверојатно покрај тоа што ќе игра ќе се работи и како тренер во младинската школа на овој тим.

Ова нема да биде првпат таа да игра надвор од Македонија бидејќи и претходно настапуваше и тоа во првенството на Данска. Пред две години таа беше дел од тимот на Хорсенс, па сега одново ќе се обиде да настапува со успех и во првенството на Швајцарија.

Taa е дел од неколкуте засилувања за тимот на Тун, но најавена како најголемо за вториот дел од сезоната.