Блажевска: Не сакам да размислувам на црно сценарио, Металург нема да згасне

Тимот на Металург се соочува со големи проблеми пред пролетниот дел од сезоната во Суперлигата.

Откако беше обелоденета суспензија од страна на ЕХФ од европските купови, вчера стигна барање од европската куќа на ракометот до РФМ за суспензија на Металург и на домашна сцена.

Претседателката Зорица Блажевска ја потврди суспензијата што ја доби тимот од Автокоманда поради неисплатените долгови, конкретно на Александар Шпенде и Зоран Кастратовиќ.

„Се уште мислам дека најправилен беше чекорот секој што изработил да си го добие заслуженото. Во случајот со Кастратовиќ ја оспоруваме одлуката на Кастратовиќ. Тој беше тренер на Металург и по негово барање да му се исплатат парите до крај на договорот. Тие пари се незаслужени и незаработени. Се она што го одработил за претходната и актуелната сезона заедно со премијата ги прифатив, но ги оспорувам тие седум плати. Се она што не е одработено не треба ниту да се исплати“, вели Блажевска.

Таа ќе побара состанок и со челниците на Ракометната федерација на Македонија.

„Во овој момент преземаме чекори и се обративме до ЕХФ, ќе барам состанок и со РФМ. Металург не е само првиот тим. Металург се и младите категории. Цело време се борам со градење на играчи. Моето барање ќе биде да најдеме заедничко решение, на 15 дена до ваучерот. Оние три фамозни кола за исклучување од Супер лига да ги водиме како одложени и да ги одигаме на крајот од месецот кога ќе можеме да ја реализираме настнатаа ситуација. Се обратив до адвокатот на Кастратовиќ, не наидов на позитивна вибрација, па ќе контактираме лично. Ќе се обидеме на најдобар можен начин да го решиме. Не сакам да размислувам на црно сценарио. Ако не успееме и ако Металург биде исфрлен од Супер лига, Металург нема да згасне туку ќе продолжи да функционира како Металург РА. Може ќе треба да игра во Прва лига“, заврши Блажевска.