„Би сакал Веспрем да ми е последен клуб во кариерата“

Еден од најдобрите играчи на Веспрем, Петар Ненадиќ во интервју за рускиот „Брз центар“ говореше за клубовите во кои играл и каде би сакал да ја заврши кариерата.

Ненадиќ каде и да настапуваше секогаш беше еден од најдобрите и публиката го сакаше но тој многу брзо ја менуваше средината.

Последните клубови во кои настапуваше Србинот се Холстебро, Висла, Фуксе Берлин и Веспрем, а претхнодно имаше кратки претстои во Барселона и ПИК Сегед.

„Пред еден месец зборував на слична тема. После Барса и ПИК Сегед татко ми ме советуваше да не размислувам многу на темата за трансфери, понудите секако ќе пристигаат. Но во тоа време ми требаше екипа каде што ќе играм. Заминав во Данска и тоа беше многу добра одлука за мојата кариера. Продолжив да одам напред, заминав во Висла Плоцк каде што играв Лига на шампиони. Следуваше трансфер во Фуксе Берлин, па сега во Веспрем. Според моето мислење се движам во вистинска насока. Јас би сакал унгарскиот тим да биде последен во мојата кариера. Веројатно нема да се враќам дома за да ја завршам кариерата“ рече Ненадиќ.

Ненадиќ е поранешен репрезентативец на Србија, но поради луѓето кои ја предводеа националната селекција тој не сакаше да биде дел од репрезентациајта. Сега откако на клупата седна шпанскиот стручњак Тони Херона, средниот бек најави враќање во репрезентацијата.