БиХ без Вегар и Павловиќ на ЕП, под знак прашалник е Буриќ

Селекторот на БиХ, Ивица Обрван во понатамошниот тек од репрезентативните подготовки нема да може да смета на поранешниот член од Еурофарм Пелистер, Марин Вегар, како и на младиот член од Копер, Драган Павловиќ, кои поради повреда ќе го пропуштат Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Од таборот на Босанците не соопштуваат за каква повреда станува збор, но свесни дека нема многу време за тактизирање решија на местото на Марин Вегар да го повикаат пикерот на Адемар Леон, Драган Шољиќ, кој добро се снаоѓа во дефанзива.

Дополнителен проблем за селекторот на БиХ е повредата на пикерот Сењамин Буриќ. Искусниот ракометар во натпревар од шампионатот на Данска заработил повреда на ногата и поради тоа не е во можност да тренира со неговите колеги од националниот тим.

БиХ на Европското првенство ќе игра во групата Е, а за ривали во првата фаза ги има селекциите на Шпанија, Шведска и Чешка.