Битолчани победнички низ Прилеп

По настапите на Струшкиот турнир, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 вечерва одиграа пријателски натпревар.

Славеа битолчани со убедливи 32-26, а избраниците на Александар Јовиќ водеа и на полувреме со 16-12.

Домашниот тренер Горан Кузманоски, немаше комплетен тим на располагање и прилепчани настапија без повредените Алија Амзоски и Мириан Гавашелишвили.

Прилеп следниот контролен натпревар ќе го игра в недела во Охрид против екипата на КЛ7, а исто така и битолчани следниот дуел го играат против новиот суперлигаш, но во петок.