Битолчани остануваат без десниот бек: Стјепановиќ се сели во Бахреин!

Како што најави 24Ракомет пред неколку дена, десниот бек Невен Стјепановиќ, заминува од Еурофарм Пелистер на крајот на оваа сезона.

Веќе е позната неговата нова средина. Босанскиот десен бек, кој поседува и катарски пасош, се сели во Бахреин.

Стјепановиќ потпиша за тимот на Ал Наџма од Бахреин, со кој првите обврски ќе ги има на Азискиот Куп од 12 до 21 јуни. Со оглед на тоа што станува збор за краткорочен договор, можно е потоа Стјепановиќ повторно да се врати во Европа.

Тој дојде во Битола од португалскиот Спортинг Лисабон и остави солиден впечаток во првите две сезони, но повредите го спречија да го искаже својот потенцијал до крај.

Еурофарм Пелистер веројатно ќе се потпре на услугите на Мартин Велковски и Матео Мараш на десната бековска позиција за следната сезона, но можно е да биде ангажиран и нов играч.