Битолчани ги промовираа тимовите и дресовите, најавија атак на сите трофеи со првата екипа! (ФОТО)

Во Битола беа промовирани новите засилувања и претставени тимовите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

На присутните им се обрати првиот човек, Зоран Стерјев, кој истакна дека двата битолски тима се уникатни во Европа, бидејќи и двата играат во Европа, но и најави атак на сите трофеи со тимот на Ларс Валтер.

Се обратија и сите нови ракометари, како и капитените Мирко Радовиќ и Стефан Талевски, кој го наследи Васко Димитровски.

Беше одбележан и еден од најголемите успеси на клубот и македонскиот ракомет – финалето на Челинџ Купот во сезоната 2001/02, кога тогашниот Пелистер играше со данскиот Скјерн.

Беа промовирани и новите дресови, кои ќе почнат да се продаваат пред дуелот со Мешков Брест од четвртфиналето на СЕХА лигата, а следната недела ќе има во продажба и сезонски билети за сите натпревари во сите натпреварувања на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 кои ќе чинат 4.500 денари.