Битолчани ги поздравија легендите кои им донесоа титула во 2005 – Манасков, Димовски, Николовски, Поповски…

Пред стартот на натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Тиквеш од суперлигашкиот плеј-оф, на теренот во салата „Боро Чурлевски“ се појавија ракометарите од генерацијата што последен пат ја освои титулата во Битола.

Под името Пелистер Кометал, тогаш во битолскиот клуб играа Кире Поповски, Игор Николовски, Михаил Петровски, Наумче Мојсовски, Пепи Манасков, Васко Димитровски, Златко Велјановски, Сашо Јанкулоски, Бранко Ангеловски, Олег Маљцев, Стевче Алушовски, Васил Митевски, Златко Мојсоски, Петар Ангелов, Игор Тоскоски…

Исто така во составот беше и Александар Јовиќ, а тренер беше Звонко Шундовски, додека во стручниот штаб беше Михајло Силјанов, кои сега му ја донесоа титулата на битолскиот клуб по 18 години.