Бисинов и Струга ќе играат во финалето на пионерскиот Ф4!

Екипата на Бисинов од Велес, која е организатор на овогодинешниот Ф4 кај пионерите, обезбеди финале откако во првиот полуфинален натпревар беше убедлива против составот на Тиквеш, со резултат 32:18 (15:10).

Противник во финалето на Бисинов ќе биде актуелниот бранител на титулата, Струга. Избраниците на Жарко Ферукоски во вториот полуфинален натпревар ја совладаа екипата од Скопје, Рисови, со четири гола разлика, 23:27 (8:13).

Ф4 турнирот кај пионерите се игра во еден ден, така што натпреварот за 3 место, како и финалето, ќе се одиграат во текот на денешниот ден.

Натпреварот за 3 место, во кој ќе играат екипите на Тиквеш и Рисови, е закажан за 17:30 часот, додека финалниот натпревар меѓу Бисинов и Струга ќе се одигра во терминот од 19:30 часот.

Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“ во Велес.  Струга во ланското финале го совлада тогашниот состав на КЛ7 со 23:18.