Билецки: Секоја злота е важна, не смееме да дозволиме бренд како Келце да згасне

Тимот на Келце се најде во тешка ситуација на крајот од минатата сезона и беше неизвесно дали ќе може да ја стартува новата сезона во Лигата на шампионите.

Откако беше решена дилемата и спонзорите најдоа сили да го одржат клубот веќе може да се прават плановите, а легендата на овој клуб и на полскиот ракомет, Карол Билецки вели дека е добро што успеале да се снајдат.

„Ние сме во тешка ситуација и во моментов секоја злота е максимално важна. Мораме да му дадеме колку што момене на овој клуб и да најдеме начин ракометот да опстане во градот бидејќи тоае традицијата на овојград. Навистина би било трагедија доколку овој клуб не може да се спаси“, вели Билецки.

Тој се заблагодари на сите кои донираа за екипата бидејќи пред извесно време почна акција на навивачите за спас и тие успеаја да соберат 110.000 евра  што ќе бидат од помош.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите кои ја поддршуваат екипата. Особено големо благодарам за секоја злота која беше донирана, за секое видео кое беше направено и за сето она што се прави за овој клуб и севкупно за спортот во Полска. Одиме понатаму“, коментираше поранешниот ракометар на клубот и еден од најголемите репрезентативци кои ги имала Полска.

За тимот на Келце настапуваат и двајца поранешни членови на Вардар, Игор Карачиќ и Алекс Душебаев.