Беше пред трансфер во Металург, играше за Еурофарм, а сега ќе игра во Израел

Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Никола Ивановиќ, кој пред извесен период го раскина договорот со Партизан, во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на Хапоел Ришон Ле Зион.

Ивановиќ ќе ја зголеми балканската колонија во поранешниот шампионат на Израел. Во клубот моментално настапува неговиот сонародник, Живан Пешиќ, како и ракометарите од БиХ, односно Црна Гора, Берзад Демировиќ и Немања Ѓурашковиќ.

Младиот ракометар од Србија една сезона беше член на Еурофарм Работник, 2018/19, додека во текот на 2017 година беше пред трансфер во редовите на Металург. На интернационално ниво настапуваше и за унгарскиот суперлигаш, ФТЦ од Будимпешта.

Екипата на Хапоел Ришон Ле Зион се наоѓа на 5. позиција во плеј-оф фазата, но нема големи шанси да обезбеди пласман меѓу најдобрите три екипи во најсилното натпреварување во Израел.