Беше понуден на Вардар и Еурофарм Пелистер, а заврши во АЕК Атина!

Австрискиот репрезентативен голман Томас Бауер, кој беше понуден на Вардар и Еурофарм Пелистер од неговата менаџерска агенција, во новата сезона ќе игра за грчкиот шампион АЕК Атина.

Тимот од Атина амбициозно стартува во новата сезона и покрај Бауер, го донесе шпанскиот десен бек Хименез Реина, а ги продолжи договороите со Начо Моја, Игнасио Плаза Хименез, Марин Бунета…

Бауер до скоро го бранеше голот на португалскиот Порто, но таму доаѓа македонскиот репрезентативец Никола Митревски, па Австриецот мораше да си бара нова средина.

Македонската публика се сеќава на непримерниот гест на Бауер во СЦ „Борис Трајковски“, кога нашата репрезентација играше против Австрија.