Беше на чекор од светско злато со Балиќ, а сега работи како морнар!

Членот на одличната генерација хрватски ракометари во Метковиќ кои оставија трага во ракометот во Хрватска и Европа, Горан Јерковиќ после завршување на кариерата има сосема невообичаена работа

Јерковиќ со клубот Метковиќ го освои ЕХФ купот во 2000 година, а кариерата ја започна од школските спортски сали заедно со Ивица Обрван и Давор Доминиковиќ. Во финалето против Фленсбург, Јерковиќ не настапи заради повреда. По завршувањето на активно играње, Хрватот одлучи да стане морнар, а работи и како капетан на едрилици и јахти.

„Најпрво работев како морнар, бев задолжен за врзување на бродовите. Оваа работа ми беше вовед во подоцнежната како капетан на мали бродови. Имам пловено до Грција и Карибите, а во план ми е да го препловам и Атлантикот. Една од целите би ми биле Девствените острови. Работата не е лесна, неколкупати ме фаќаше невреме. Сум возел многу гости, а меѓу нив и голем број познати спортисти“, рече Јерковиќ.

Горан Јерковиќ беше меѓу 16 патници во репрезентацијата на Хрватска и беше на чекор да го освои светското злато во Португалија во 2003 година, но тогашните правила дозволуваа само 14 ракометари на списокот, па тој е еден од двајцата кои отпаднаа.