Беше на мета на Вардар, најдобар стрелец на СП Македонија, а сега стана и најдобар на Супер Глоуб!

На последнинот ден од Супер глоуб, беше прогласен и најдобриот стрелец на неофицијалното Светско клупско првенство.

Тоа е левиот бек на Ал Калеј од Саудиска Арабија, Хасан Кадах, кој постигна дури 45 гола на четирите меча што ги одигра во Џеда.

Своевремено, откако Египќанецот стана најдобар стрелец на кадетското СП во Македонија во 2019 година беше поврзуван со трансфер во Вардар, но тој не се реализираше.

Две години подоцна, Кадах потпиша договор со полскиот Келце кој ќе стапи на сила во 2023 година, но многу веројатно ќе оди на позајмица.

Кадах е член на египетскиот Замалек, но за Супер Глоуб турнирот беше позајмен на составот на Ал Калеј од Саудиска Арабија.