Беше „виден“ во Барса, ама ќе остане во Порто до 2026 година

Кружниот напаѓач Виктор Итуриза, кој беше најавен како засилување за европскиот првак Барселона, сепак нема да се пресели во Шпанија.

Португалскиот репрезентативец го продолжи договорот со Порто и ќе треба да остане во „Драгао“ до 2026 година.

Итуриза ја заврши петтата сезона во португалскиот шампион и доколку до крај го одработи новиот договор ќе комплетира десет години во „сино-белиот“ дрес.

Претходно Итуриза го носеше дресот на Аванка.