Берлин, Париз и Трондхајм ќе бидат домаќини на квалификациските турнири за Олимписките игри

Германија, Франција и Норвешка ја добија организацијата на турнирите за Олимписките квалификации за мажи. Земјите домаќини ги одредија градовите и арените во кои ќе се играат турнирите.

Во Германија борбите за олимписки билет ќе се одржат во Берлин во „Макс Шмелинг Хале“ која собира околу 9.000 гледачи.

Во Норвешка репрезентациите кои ќе обезбедат квалификациски турнир за Олимпијадата ќе играат во Трондхајм во салата „Спектрум“. Оваа сала собира 9.000 гледачи.

Париз ќе биде град домаќин во Франција, а натпреварите ќе се играат во „Акор Хотелс Арена“. Доколку некоја од земјите домаќини обезбеди директен пласман на Олиписките игри преку Еуро 2020 или има потешкотии во оргнизацијата тогаш, домаќин ќе биде Хрватска.

Олимписките квалификации во машка конкуренција ќе се одржат од 17 до 19 април 2020 година.