Бенфика го потврди првото засилување и се пријави за Лига Европа

По се изгледа работите тргнаа на подобро во екипата на Бенфика. Иако беше најавено штедење за следната сезона, неиграње во Европа, намалување на буџетот за половина…сепак португалските медиуми пишуваат дека работата е стабилизирана.

„Рекорд“ и „О жого“ потврдија дека Бенфика се пријави за настап во Лигата на Европа, а веројатно ќе добие место во групната фаза, додека Спортинг Лисабон и Белененсес ќе играат квалификации.

Бенфика го потврди и првото засилување за новата сезона. Станува збор за голманот кој доаѓа од Ла Риоха, Сергеј Ернандез, додека иако одамна се најавени, не се промовирани уште петмина играчи и тренерот Чема Родригез.

Тоа се Лазар Кукиќ, Оле Рамел, Мамаду Кеита, Матиц Сухолежник, како и Ловро Јотиќ, кој е предмет на интерес на Вардар.