Бек од Аргентина го засилува Вардар: Европскиот првак пред потпис со Симонет

Средниот бек од Аргентина, Пабло Симонет е потенцијално засилување за Вардар. Шпанските ракометни медиуми го носат братот на играчот на Монпелје во Вардар, а најавите се дека трансферот е пред реализација.

Пабло Симонет е играч кој потпиша за тимот на Сиудад Енкантада, но тоа е клуб кој не одговара за неговите амбиции. Тој би сакал во екипа која се натпреварува во европските купови, а во Вардар би добил можност да игра во Лигата на шампионите.

Според информациите од Шпанија Симонет и Вардар се блиску до договор и прашање е на денови кога ќе дојде до договор.

Се работи за 28 годишен играч кој има 90 настапи и 203 гола во репрезентацијата на Аргентина. Има златни медели од Пан Американските игри, па има солидно искуство зад себе.

Во комбинација е и бекот од Холандија, Лук Стеинс. Тој е играч на Тулуз и останува да се види кој ќе биде одбран од страна на Вардар за ново засилувае.