Атлетик лесно го реши Пелистер, Дамјановска „удри“ по своите

Тимот на Атлетик прослави лесен триумф над Пелистер со 35-22 над Пелистер во 5 коло во Супер женската лига.

Од почетокот до крајот на натпреварот, домаќинките доминираа на теренот и ја имаа контролата над резултатот.

На паузата избраничките на Татјана Хмирова водеа со 15-11, а вториот дел беше рутинско одработување на задачата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Анастасија Дамјановска, која даде девет гола против матичниот клуб, а осум погодоци постигна Ангела Шехтанска.

Во составот на Моника Талевска се истакна Сара Котевска со осум погодоци, а пет гола додаде Ана Стојчевска.