Бек ли е, голман ли е – Дисингер со голманска интервенција спаси погодок (ВИДЕО)

Ракометарите на Динамо Букурешт остварија победа во 10. коло од Лигата на шампионите против Мотор Запорожје со 33:29.

Поранешниот Вардарец, Кристијан Дисингер постигна два гола на овој дуел.

Тој имаше и голем придонес во играта во одбрана за својот тим. Во една ситуација кога Мотор имаше можност да реализира на празен гол се истакна Дисингер и во голмански стил се фрли по топката и спаси сигурен гол.

Интервенцијата на Германецот може да ја погледнете во следното видео…