Без македонски екипи: Познати учесниците на турнирот во Добој – Загреб, Целје, Татран, Ал Ахли…

Познати се учесниците на 53. издание на ТВ турнирот на шампионите во Добој. Покрај домаќинот, ќе играат уште четири екипи од Балканот, но и уште една од африканскиот континент.

Покрај Слога Добој, претставник на Босна и Херцеговина ќе биде и Борац Бања Лука. Учествуваат и шампионите на Хрватска, Словенија и Србија – Загреб, Војводина и Целје Пивоварна Лашко.

На листата учесници се словачкиот Татран Прешов, кој ќе игра и на Струшкиот турнир, како и швајцарскиот Сент Гален, а од Египет доаѓа вицешампионот Ал Ахли.

Турнирот ќе се одржи од 23 до 27 август, а бранител на титулата од минатата година е Загреб. Претходните сезони на овој турнир играа и Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер.