Без Дејан Манасков против Швајцарија!

Селекцијата на Македонија ќе биде ослабена на неделниот натпревар против Швајцарија во Скопје.

Нема да настапи левото крило Дејан Манасков, кој имаше незгоден доскок при еден удар на средбата со Финска.

„Дејан Манасков отпадна од комбинација, се надевам дека повредата нема да биде сериозна, тој е квалитет, ќе фали, но мора да создаваме играчи, имаме и други резерви, сега ќе имаат шанса да покажат што знаат, да знаеме што ќе не чека во иднина на таа позиција“, вели селекторот Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра в недела, во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.