Без Гурбиндо, но со браќата Њокас против Елверум – вардарци до Норвешка преку Полска

Ракометарите на Вардар денеска заминуваат за Норвешка, до Елверум, каде што треба да го одиграат првиот натпревар од Лигата на шампионите.

Во „црвено-црната“ експедиција не е шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо, за кој се уште е отворена опцијата да замине од македонскиот шампион.

Покрај Гурбиндо, во Норвешка нема да играат ниту Борко Ристовски и Анте Кудуз, кои останаа во Скопје, а во тимот ќе бидат браќата Њокас.

Вардар до Осло ќе патуваат преку Варшава, каде што треба да пристигнат во 15:25, а потоа во 16:50 ќе летаат за норвешката престолнина.

Таму треба да пристигнат во 18:55 часот, по што со автобус ќе патуваат од крајната дестинација Елверум каде што би требало да бидат околу 20:30 часот.