Бебешко го скрати списокот – Онуфриенко останува во конкуренција за ЕП!

Селекторот на Украина, Сергеј Бебешко, одбра 22 ракометари за првата фаза од подготовките за Европското првенство.

За ривалот на Македонија на континенталниот шампионат, може да игра и најдобриот украински ракометар Сергеј Онуфриенко, кој е во последната фаза од рехабилитацијата.

Десниот бек се најде на скратениот список на Бебешко, а на него се и поранешниот и сегашниот член на Еурофарм Работник, Олександр Шевелев и Владислав Остроушко.

Украинците ќе тренираат од 20 до 28 декември во Јужњи, а потоа од 3 до 5 јануари ќе играат на турнир во Швајцарија, против домаќинот, Холандија и Тунис.