Барселона со победа се загреа за Ф4 во Келн

Словенечкиот шампион, Целје, во „Златорог Арена“ одигра пријателски натпревар против каталонскиот гигант, Барселона, а крајниот епилог од средбата беше 31:36 (20:19) за избраниците на Карлос Ортега.

Овој пријателски натпревар беше дел од договорот за трансферот на Домен Макуц од Целје во Барселона.

За екипата на Барселона натпреварот против словенечката екипа беше последен тест пред Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Барселона за противник во полуфиналето во елитното клупско натпреварување ја има екипата на Кил, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Келце и Веспрем. Ф4 турнирот во Келн ќе се одржи следниот викенд.