Барса со нов трофеј во Иберискиот Суперкуп, второто место за Порто и Митревски

Тимот на Барса по трофеите во Добој и во каталонскиот Суперкуп, освои уште еден трофеј ова лето.

Каталонскиот гигант вторпат по ред славеше во финалето на Иберискиот Суперкуп против португалскиот Порто со 44-38.

Иако во првиот дел Барса имаше плус шест, 16-10, Порто на Никола Митревски успеа до паузата да се врати во егал, 22-22.

Сепак во второто полувреме, Барса го засили темпото и на крајот успеа да слави со шест погодоци.

Третото место на Иберискиот Суперкуп го освои екипата на Спортинг Лисабон по триумфот над Ла Риоха со 39-29.