Барса преку Порто до трофеј во Иберискиот Суперкуп

Тимот на Барселона славеше во финалето на Иберскиот Суперкуп против Порто на Никола Митревски со 32-24.

Португалскиот шампион парираше во првото полувреме, но пред паузата каталонскиот гигант направи солидна залиха.

Порто намали на минус три во вториот дел, но немаше сили за нешто повеќе и Барса рутински го доврши мечот до крај.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мем со осум и Солер и Ричардсон со по четири, додека Педро Валдес беше најдобар во Порто со шест погодоци.

Третото место го освои екипата на Гранољерс која по пеналите го победи составот на Спортинг Лисабон.