Банхиди: Ќе имаме убави спомени од старата арена, веќе сме со мислите во Скопје

ПИК Сегед во својот последен европски натпревар во „Градската сала“ после голема борба го совлада Вардар со 34:31 во 7. коло од Лигата на шампионите.

После натпреварот на прес конференцијата свое видување за натпреварот имаше пикерот Бенце Банхиди. Тој истакна дека последниот настап во старата арена ќе остане во убави спомени и веќе се со мислите кон следниот меч во Скопје.

„Нашиот фокус веќе е кон Скопје за следната недела, им благодарам на сите за прекрасната атмосфера. Ова беше последниот меч во арената и ќе остане запаметена со убави спомени. Се надеваме дека во новата сала ќе постигнуваме уште поголеми успеси“, рече Банхиди.

Со овој триумф ПИК Сегед се искачи на втората позиција на табелата со десет бода веднаш зад водечкиот Монпелје.