Бабиќ: Горд сум на момците, беше задоволство да се игра во Грција

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ е презадоволен после победата над Аек во Грција од 30:27, а тоа може да се види и од неговите коментари после натпреварот.

„Одигравме перфектен натпревар. Одигравме одлична одбрана и брз контранапад. Момците завршија голема работа и горд сум на нив. Игравме одлично и завршивме голема работа. Не го гледав натпреварот на АЕК против Олимпијакос, но детално ги проучивме нивните адути со кои ги победија Татабања и Ним. Можеби малку изменив, игравме човек на човек врз нивниот најдобар ракометар и добро го неутрализиравме. Задоволство беше да се игра во Грција“, коментираше после средбата, тренерот на Еурофарм Пелистер, Бабиќ.

Ова е прв триумф за тимот од Битола сезонава во Лигата на Европа и добра најава за следните натпревари во Групата Д.