Аце Станковски не е повеќе дел од прволигашот Скопје

Еден од главните фаворити за првото место во прволигашкиот плеј-оф, Скопје, остана без еден чен на стручниот штаб Аце Станковски.

Тој си замина по само една полусезона од новоформираната екипа, откако работеше во тандем со Андријана Будимир.

Скопјани немаа ниту еден загубен бод во регуларниот дел од Првата лига, а сега во плеј-офот исто така се без пораз по три одиграни меча.

Некогашниот репрезентативец на Македонија претходно беше дел од стручните штабови на Вардар, Вардар Јуниор и ЖРК Вардар, а беше селектор и на женската кадетска репрезентација.