Аце Станковски го доби македонскиот двобој во Косово

Тимот на Кастриоти по елиминацијата од Европскиот Куп, им се врати на победите и имаше триумфален старт на првенството во Косово.

Кастриоти предводен од Аце Станковски славеше на домашен терен против новиот суперлигаш Вучитрн предводен од Андон Бошковски со 29-27.

За домашниот тим настапија и двајцата македонски интернационалци – кружниот напаѓач Кристијан Анастасовски и средниот бек Борис Ристовски.

Анастасовски беше стрелец на еден гол и имаше две исклучувања, додека Ристовски  погоди два пати, од кои еден гол беше во решавачките моменти на мечот.