Атомски напад во Автокоманда – Металург постигна 51 погодок против Шампион!

Ракометарките на Металург ја продолжуваат победничката низа во новата сезона од  Женската лига.

Избраничките на Јулијана Дамчевска славеа со убедливи 51-18 над составот на Шампион, а на полувремето имаа водство од плус десет, 22-12.

Гостинките одржуваа резултатска рамнотежа во првите петнаесетина минути кога беше 7-7, но потоа се беше во знакот на тимот од Автокоманда.

Освен голманките Илјаз и Паскал, сите други ракометарки се запишаа во листата на стрелци, а најдобри беа Арсениевска со девет и Дамчевска со седум голови.

Во составот на Шампион се истакнаа Димитриевска и Неделковска, кои ја погодија мрежата на Металург по шест пати.