Астраион со девет играчи немоќен кај Кичево

Ракометарите на Кичево победнички ја започнаа новата сезона откако во првото коло од Првата лига на домашен терен беа подобри од екипата на Астраион со 28:21. На овој натпревар гостите едвај склопија тим бидејќи допатуваа во Кичево со девет ракометари.

Почетокот на дуелот беше доста израмнет, најчесто се играше гол за гол без поголема предност на тимовите. Првото поголемо водство го имаше Кичево, кое во финишот на првиот дел создаде три предност, а така беше и на полувремето 12:9.

Во вториот дел дојде до израз малиот број на играчи во ротација на гостите што на Кичево му овозможи без многу проблеми да стигне до победата. До крајот на натпреварот го зголемуваа водството и остварија прва победа во сезоната.

Најефикасен во домашниот тим беше Филип Шиклевски кој постигна десет погодоци, додека Тасески и Смилески постигнаа по четири. Во екипата на Астраион единствен расположен беше Иванче Ончев кој беше убедливо најефикасен со 14 гола.