Астраион се трансформираше во АД и доби големо засилување – Александар Тренчевски!

Тимот на Астраион Хендбол, го исполни последниот услов за учество во елитната конкуренција, а тоа е трансформација во Акционерско друштво.

Струмичани го завршија процесот на 30 јули и клубот сега има четворица сопственици – Пепи Пецанов, Димитар Пандев, Ратко Макенаџиев и Василка Ивановска.

Паралелно со трансформацијата, клубот работеше и на формирањето на играчкиот кадар. Покрај искусниот Мите Караиванов, кој и лани беше дел од струмичкиот тим, засилување ќе биде и кружниот напаѓач Александар Тренчевски.

Иако повратникот од Финска, беше пред потпис со Струга, сепак немаше договор, па тој се реши за камбек во Струмица, каде своевремено го носеше дресот на Зомимак. За Астраион потпиша и левото крило Славе Јанковски, кој лани играше за Вардар Јуниор.

Астраион ќе игра во групата A oд елитното друштво заедно со Охрид, Струга, КЛ7, Радовиш, Пролет и Јуниор Кисела Вода.