Арсеновски се врати во Македонија и потпиша за Пролет

Кружниот напаѓач Филип Арсеновски, откако мина една полусезона во Амичитија Цирих, реши да се врати во својата татковина.

24-годишниот ракометар е првото засилување во редовите на Пролет и се очекува со своето стекнато интернационално искуство да биде од голема помош за подмладениот суперлигаш.

Арсеновски една и пол сезона го носеше дресот на Еурофарм Пелистер 2, клуб со кој имаше забележителни настапи во македонската елита.

Тој потекнува од Металург, таму ги мина сите младински категории, а со клубот од Автокоманда играше и во Лигата на шампионте.

Во составот на Лембанов за новата сезона се очекуваат уште неколку квалитетни засилувања, по што ќе биде познат конечниот ростер на тимот.

Екипата на Пролет во изминатата сезона заврши на 8. позиција во плеј-оф фазата.