Арсеновски запиша прв настап за Цирих

Новиот интернационалец од Македонија, Филип Арсеновски, кој од Еурофарм Пелистер 2 се пресели во Амичитија Цирих, денес го запиша првиот настап во новиот клуб.

Амичитија Цирих во рамки од 22. коло од шампионатот на Швајцарија доживеа пораз од Сент Гален, 37:31.

Арсеновски на овој дуел доби мала минутажа бидејќи се приклучи пред два дена, главно имаше задача во одбраната и дуелот го заврши со жолт картон.

Вториот интернационалец од Македонија во редовите на Амичитија Цирих, Мартин Поповски трипати се запиша во листата на стрелци.

Свој настап во шампионатот на Швајцарија имаше и Симона Гроздановска, која со екипата на Винтертур беа поразени од Брул со шест гола разлика, 27:21.

Гроздановска беше меѓу најефикасните во дуелот против Брул, имаше три гола од пет обиди.